Вучиќ: Ќе бидат прикажани стравични снимки, предупреди да се тргнат децата

За неколку дена на граѓаните на Србија ќе им покажеме нешто што е навистина морничаро. Чекаме дополнителни вештачења за некој утре тоа да не може да го користи во доказна постапка, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ претходно седмицава на телевизијата Прва зборуваше за истрагата против криминалната група која ја водел Вељко Беливук наречен Велја Неволја.

„Кога ќе ги прикажеме тие работи мораме однапред да им кажеме на луѓето да ги тргнат децата“, истакна Вучиќ.

Притоа посочи дека ќе видиме „кој кого штител, а кој засолнувал убијци“, и оти не само Србија, туку и Европа ќе биде шокирана.

„За неколку дена, најдоцна четврток, ќе им покажеме на граѓаните се. Јавноста досега видела само оружје, организирана група, пиштоли, снајпери, панцири, крушуми, дрога…Тоа не е ништо“, рече Вучиќ и нагласил дека со новите информации ќе се шокира Европа и цел свет.