Вучиќ е уверен дека Путин не блефира

Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги пораките на рускиот претседател Владимир Путин за можните реакции на Србија на напади од Западот, рече дека е убеден дека рускиот челник не блефира кога зборува за натамошните потези

„Доколку територијалната целост на нашата земја биде загрозена, ќе ги користиме сите расположливи средства за да ги заштитиме нашите луѓе, тоа не е блеф … Западот сака да ја уништи нашата земја и тука станува збор за одбраната на Русија и територијата на Донбас“, порача Путин во телевизиското обраќање на нацијата објавувајќи ја делумната мобилизација на резервниот состав на руската војска, од 1 отсто, односно 300.000 резервисти од вкупно 25 милиони резервни обврзници.

Вучиќ во интервјуто за американската телевизиска мрежа Newsmax емитувано подоцна во средата, истакна дека очекува дека мирот ќе надвладее и дека ќе дојде до компромисно решение меѓу Русија и Украина.

Новинарот на Newsmax рече дека Западот е загрижен по обраќањето на Путин и изјави за можноста на сите воени капацитети за одбрана на земјата и го запраша Вучиќ, кој повеќепати се сретна со рускиот челник, дали смета дека претседателот на Русија блефира.

„Во Србија се надеваме дека мирот ќе надвладее и дека сите ќе сторат сѐ да дојде до компромисно решение. Не можам да зборува како воен аналитичар, туку како претседател, за да одговорам на ова прашање, но да, точно е, многупати се видов со претседателот Путин и верувам дека тој не блефира“, рече Вучиќ кој е во Њујорк поради заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во текот на емисијата водителите споменаа дека Србија има добри односи со Русија, и го запрашаа Вучиќ какво односот на Србија кон војната во Украина, пренесува агенцијата Танјуг.

„Ние имаме традиционално добри односи и со Русија и со Украина“, истакнал Вучиќ, додавајќи дека Србија не се става на ничија страна и дека секогаш ќе ја осуди војната.