Вучиќ: Ги исполнивме сите еколошки барања, новите се политички

Бидејќи луѓето живеат подобро, добро е да се види дека барањата растат, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за животната средина и најавените протести.

– Барањата ги добивме, ги исполнивме, сите го кажаа тоа, а на сите им е јасно дека новите барања се политички, и дека нема ништо повеќе од тоа – изјави Вучиќ.

Како што вели, „ги исполнивме барањата бидејќи го слушавме народот“, пишува српски Блиц.

-Го слушав народот во Годњи Недељице, а што велат политичарите тоа не ме интересира особено – рече тој и додаде дека „покажавме добра волја кон граѓаните“ во тоа што го правиме.

Тој говореше и за денешната расправа со измените на Законот околу референдумот.

-Ако беше тој страшен проблем, и поради тоа требаше да се блокираат автопатиштата, нема проблем, еве го решивме и тоа. Или дека референдумот не може да се повтори во рок од две до четири години. А сега и тоа не им е доволно. – рече Вучиќ.