Вучиќ: Ги повикуваме сите на зачување на мирот, блокадите не се хир туки одбрана од нападите

Се случува она што го најавивме вчера и претходните денови и недели. Пред се од тој меѓународен аспект, каде што имате директни фалсификати, голи лаги за состојбите на терен. На теренот имаме тешка борба на еден народ за опстанок на своите огништа, изјави меѓу другото во неделата вечерта во телевизиското обраќање до нацијата српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на итната седница на Советот за националнан безбедност во врска со тензиите на поранешната јужна покраина Косово и Метохија.

Вучиќ повтори дека косовската полиција „нема право да биде на северот на Косово и Метохија, туку тоа мора да биде Дирекцијата Север“. „Денеска извршија инвазија со специјални единици. Меѓународната заедница се прави дека не го видела“, обвини Вучиќ.

Српскиот претседател посочо дека станува збор за „завршување на српскиот проблем на Косово и Метохија“ и обвини дел од меѓународната заедница за учество во него. Вучиќ потсетува дека притворенито од косовските власти спрскиот полицаец Пантиќ бил неодамна бил опериран, дека има кардиоваскуларни заболувања и прима терапија, а семејството сѐ уште не е информирано каде се наоѓа.

„Толку од правниот систем“ на Косово, рече српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека никој од Белград не ги наредил барикадите и дека за тоа никој не може да ја обвини Србија.

„За нас е важно да ги повикаме и Албанците и Србите да го зачуваат мирот, да га смират ситуацијата. Ги повикувам Србите на северот на Косово и Метохија да не наседнуваат на провокации. Немаме нитиу еден показател за напад врз ЕУЛЕКС. Тоа не смее ниту да се случи“, изјави Вучиќ одговарајќи на соопштението на Европската правосудна мисија на Косово (ЕУЛЕКС) од неделата дека наводно врз нивна извидувачка патрола на северот била фрлена шок-бомба и дека нема повредени. Притоа, нема посочување за осомничени за овој инцидент.

„Пред 23 години заедно направија монструм. Го завршија тоа правење во 2008 година и ништо повеќе. Барикадите не ги подигна некој од каприц и затоа што сака да се смрзнува. Никој од Албанците не се движат по тие патишта. Тоа е израз на протест против апсењата, малтретирањето на луѓето и неисполнувањето на Договорот од Брисел. Нашите американски партнери нека ни кажат кој правен акт го почитуваат тие и Приштина. Само еден кажете ни. Тие се држат само до „актите“ дека можат сѐ, до каде сакаат и колку сакаат. Ние сме притиснати на ѕидот. За мене ова е најтешкиот ден откако сум претседател или премиер, а пред мене е најтешката ноќ“, изјави Вучиќ.

Рече дека српската страна има информации од КФОР дека Албанците нема да преземаат насилни акции против демонстрантите.

„Ги издадов најважните наредби и Советот за национална безбедност ги прифати. Горд сум на нашите војници и полицајци. Никогаш не сме имале такво расположение на луѓе да се стават на располагање на својата татковина. Горд сум на сите војници и полицајци. Пред да добијат каква било наредба, ќе се обидеме милион пати да го зачуваме мирот и безбедноста на сите наши граѓани“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече и дека сѐ додека на теренот не се докаже спротивното, Србите на северот мора да му веруваат на КФОР.

„Се надеваме дека ќе ја гарантираат безбедноста на Србите. Ако не е така, веднаш сѐ ќе ни биде јасно“, изјави Вучиќ и посочи дека целиот ден имал контакти со меѓународни партнери. „Генералот Мојсиловиќ разговараше со генералот на КФОР. Доби гаранции дека КФОР нема да дозволи нелегален упад на ткн косовска полиција на северот на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.

Посочи и дека ова за Србија се драматични денови за кои таа нема никаква вина.

„Нашата совест е чиста. Рацете ни се врзани, но дури и кога ќе бидеме стерани во ќош, мора да се борите. Мојата порака до народот е да ги почитуваат ЕУЛЕКС и КФОР и да не дозволат да бидат провоцирани“, рече Вучиќ и предупреди на можноста од операција под „лажно знаме“ во која Албанците би ги нападнале припадниците на КФОР и ЕУЛЕКС.

Вучиќ рече дека 17-ти декември доаѓаат меѓународните партнери, а дотогаш српската страна мора да се труди на секој начин да го зачува мирот. Истакна притоа дека не е сигурен оти на Западот се радуваат поради однесувањето на косовскиот премиер Аљбин Курти, но дека можат да го натераат да се однесува пристојно и во согласност со нормите на меѓународното право.

„Ние многу добро знаеме што правиме и се грижиме за нашиот народ на Косово и Метохија, но и за секој граѓанин на оваа земја. Мојата порака до народот на Косово е дека нема предавање и ние сме со вас“, порача Вучиќ.