Вучиќ ги замоли Додик и претставниците на босанските Срби да учествуваат во работата на институциите на БиХ

Српскиот претседател Александар Вучиќ го замоли во петокот српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорда Додик, и политичките сили во ентитетот Република Српска да учестуваат во работа на заедничките институции во БиХ на најдобар начин да ги штитат интересите на тамошниот српски народ, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

Вучиќ, во нејавениот разговор со Додик во Белград, истакнал дека секоја одлука зависи од водството на Република Српска, но и дека и Додик и сите политички претставнции во овој ентитет во БиХ моли да го разгледаат неговиот предлог, „бидејќи е јасно дека некои политички фактори, кои главно ја загризуваат стабилноста на целиот регион, со невистини и инсинуации вината се обидуваат да ја префрлат на српскиот народ и на Републија Српска“.

Српскиот претседател, според соопштението, изјавил дека неговата „молба до Додик и сите политички фактори во Република Српска не е барање да се согласат со што и да е или да гласаат за сешто“, туку напротив дека „столицата на којашто треба да седат претставниците на Република Српска да не биде празна и на најдобар можен начин се борат за интересите на ентитетот и на српскиот народ“.

Вучиќ му понудил на Додик и сите институции на политичките претставници во Бања Лука да го „образложат својот предлог.

Американските санкции против Додик и другите функционери од Република Српска, Вучиќ гледа како „ужасен пресиден“, со оцена дека „единствено можат да донесат катастрофални последици врз развојот на односите меѓу трите народа и двата еднтитет аво БиХ, но и во регионот“.

„Санкциите секогаш носеа само проблеми, а никогаш решенија“, оценил Вучиќ. Во соопштението ја истакна заедничка согласност дека „мирот и стабилноста се од клучно значење за целиот регион“.

Ставот на Додик, според соопштението од кабинетот на Вучиќ, дека „против Република Српска и српскиот народ во НиХ води беспризорна политичка и медиумска кампања, не само во Сараево, туку и бројни западни центри на моќ“.

Во врска со тоа Вучиќ истакна дека одбележувањето на Денот на Рпублика Српска на 9-ти јануари го следеле „најбрутални навреди“ од Сараево „и од устите на многу западни политичари“, кои тој настан организиран од учество на „регуларните и легални полициски сили на Република Српска“, ги претставија како „закана за мирот“.

САД во вторникот ги повикаа властите на БиХ да ги истражат извештаите за наводни величења на воени злосторства во текот на прославата на Република Српска која Сараево ја нарекува „забранета“ и за наводни инциденти насочени против повратници во градови од кои биле истерани неспрски жители. Но Вашингтон, како што забележуваат од Бања Лука и Белград, воопшто не реагира на заканите од бошњачките политичари во Сараево со повторно заканување со муџахедински борци во БиХ.

Додик изјави дека „вистинското загрозување на мирот од муслиманските паравоени единици, Зелените баретки, и нивното собирање о Сараево и Бужим“ меѓународните претставници и Сараево „ниту ги споменаа“. Тој смета дека „на српскиот народ речиси невозможно му е да се избори за правда и доследно спроведување на Дејтонскиот договор поради едностраниот и пристрасниот пристап, во прв ред на САД“.

Вучиќ и Додик, се додава во соопштението, разговарале и за „значителна финансиска поддршка на Република Српска“ којашто ја подготвува Србија, за што нивните соработници и двете влади ги „забрзале разговорите и за што во најбрз рок ќе ја известат јавноста“.

На состанокот било решено и одржувањето на „големиот собир на Србија и Република Српска, вклучително и заедничкиот состанок на двете влади“ на 27-ми јануари, кога ќе се „решава за стратепшките економски проекти и натамошно унапредување на соработката во сите области“, се наведува во соопштението.