Вучиќ го насмеа Балканот, откри кој и со што го замарал за време на македонската вечер во Белград

Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан. Саемот, на 1 септември го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама.

Премиерот Димитар Ковачевски организираше македонска вечер, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави фотографии и откри кој и со што го замарал.

„Димитар Ковачевски вечерва приреди фантастична македонска вечер во Белград, а Синиша како и обично ми раскажува за Белградската кула и сите содржини што ќе ги има во неа. За среќа, и може да се види по неговиот израз, должноста да се напие вино му премина од мене. Да живее пријателството на Србите и Македонците“, напиша Вучиќ.