Вучиќ го предупредува Курти за безбедноста на Србите на Косово

Спрскииот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати во четвртокот вечерта на јавноста по одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници, оценувајќи дека станува збор за неуставен и потег спротивен на Бриселскиот договор, а ги крикуваше и „срамните реакции“ на Европската унија на тој потег.

Претседателот на Србија повтори дека изјавата на Брисел е срамна и дека тоа е најблагиот збор што може да се употреби.

„Изборот на Рашиќ, човек кој освои помалку од 1 процент, како и на Рада Трајковиќ, која беше на неговата листа, покажува дека тие сакаат прогон, протерување и исчезнување на Србите на Косово и Метохија. И сега имам неколку работи да кажам, пред официјалното обраќање и средбата со (еврокомесрарот Оливер) Вархељи, ако некогаш дојде до тоа“, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека тоа е „мизерен антисрпски став“ што го покажува ЕУ и дека тоа што го направи „терористичкото ѓубре“ Албин Курти заслужува осуда.

„Молчев со месеци и години трпејќи глупости од сите во регионот и светот. Тоа терористичко ѓубре требаше да ја добие заслужената осуда од Европската унија. Се разбира, тој не го сфати тоа. Доби нешто што можеби никој не може да го разбере. И така постојано се однесуваат, не само што ги прекршуваа нормите на Бриселскиот договор, меѓународното јавно право и сите демократски норми“, рече Вучиќ.

Истакна дека тоа е во согласност со интересите на една европска сила, кои некој треба да ги спроведе против Србите.

„Па да видиме што ќе направиш и како ќе го направиш. Тогаш следниот пат кога ќе ѝ се обратите на Србија, грижете се за тоа што е усвоено во Брисел, грижете се за граѓаните на Србија, бидејќи тие не се деветта дупка во ничија цевка и нема да дозволам да ги понижувате. Србија е сама на себе. Имаме проблеми во енергетиката, за што ќе им кажам на граѓаните во сабота“, рече Вучиќ и им порача на Курти и Брисел.

„А до терористичкото ѓубре – внимавај да не повредите ниту еден Србин, заедно со овие квислинзи што ги избравте. Оти ​​Србите ќе знаат да ти одговорат. А вие од Европа, срам да ви е, а тоа е ситница во споредба со она што сакам да ви го кажам„, порача  Вучиќ.