Вучиќ и Хоти им даваат најголем приоритет на европските интеграции

Денеска во Брисел продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. Српскиот претседател Александар Вучиќ се состанал со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Според утврдената постапка, по билатералните средби на двете делегации со медијаторите на ЕУ во дијалогот, закажан е трилатерален состанок на Александар Вучиќ, премиерот на Косово, Авдулах Хоти,

Како што претходно беше најавено на денешната трета рунда од обновениот дијалог на високо ниво, лидерите треба да ја потврдат финализацијата на договорот за прашањето за исчезнатите, раселените и економските односи и да отворат нови теми кои ја вклучуваат Заедницата на српските општини, заемните финансиски побарувања и имотни прашања, пренесуваат српските медиуми.

Во пресрет на состанокот, Вучиќ и Хоти дале заедничка изјава со која се потврдува министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, дека тие им даваат најголем приоритет на евроинтеграциите и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

Европската служба за надворешни работи во заедничката изјавила дека дека Вучиќ и Хоти ветиле дека ќе ги удвојат своите напори за да обезбедат понатамошно усогласување со ЕУ во согласност со обврските.

„Во оваа насока, неодамна договорените документи во Вашингтон, врз основа на претходните обврски преземени од двете страни во врска со дијалогот, може да дадат корисен придонес за постигнување на сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализирање на односите“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи.