Вучиќ истакнува Албин Курти сака да биде лидер на Голема Албанија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Der Spigel“, изјавил дека идејата за „Мини-Шенгенот“ е негова.

Тој истакнал дека на последната средба во Охрид, со Зоран Заев и Еди Рама се договориле за многу работи.

-Бев со премиерот на Албанија, Еди Рама и со премиерот на Македонија, Зоран Заев на Самитот во Охрид и се договоривме речиси за сите точки, вклучувајќи ја и таа јас да разговарам со францускиот претседател, Емануел Макрон во нивно име- изјавил Вучиќ.

Прашан дали Косово ќе биде дел од „Мини-Шенгенот“, Вучиќ одговорил дека жителите на Косово тоа не го сакаат.

-Косоварите не го сакаат тоа. Албин Курти кој се чини дека ќе биде нивни лидер звучи како да сака да биде лидер на Голема Албанија. Косово, себеси се гледа како држава, но ние не ја гледаме така. Но, сепак ние треба да работиме заедно-, истакнал Вучиќ.