Вучиќ: Лавров доаѓа во Белград, сè уште чекаме одговор од Путин

Како што стојат работите, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров сигурно ќе дојде во Белград. Се уште чекаме одговор од рускиот претседател Владимир Путин, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Разговарав со Путин неколку пати и секако дека тој едвај чека да дојде во Србија и тој со нетрпение го очекува тоа, но знаете кога има 15.000 пациенти со корона и 300 мртви, а не сум го видел како оди во ниту една друга земја во последно време, не сум сигурен дали ќе сака или не. Ние сè уште го чекаме неговиот одговор да видиме кога тој ќе дојде во нашата земја“, рече Вучиќ на вечерашната прес-конференција.

Говорејќи за посетата на Лавров, Вучиќ рече дека, како што стојат работите, Лавров дефинитивно ќе дојде во Белград.

„Не сакам да се јавувам во медиуми и да информирам за сето тоа. Србија има добри, одлични односи со Русија, но и Србија е на европскиот пат и независна, слободна и автономна држава, со што сме многу горди“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ова е прашање што го почитуваат Владимир Путин, Лајчак, Макрон и сите други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.