Вучиќ: Многу добро знаеме дека Косово е услов за пристапување на Србија во ЕУ

35

Ние многу добро знаеме дека решавањето на прашањето за Косово, односно односите меѓу Белград и Приштина, е услов за пристапување на Србија во Европската унија, изјави во понеделникот вечерта српскиот престедател Александар Вучиќ во текот средбата со германската канцаларка Ангела Меркел во Белград

Вучиќ оцени дека е свестен дека замрзнатиот конфликт не е решение. Тој, исто така, призна дека стравува од тоа како ќе изгледа Европа „по Ангела Меркел“ и се прашува „кој од Европа ќе ни се јави и ќе ни каже дека треба да бидеме поодговорни, наместо да се расправаме со најблиските соседи“.

Одговарајќи на прашањата на новинарите, Вучиќ рече и дека „многу добро знаеме каков е условот за пристапување на Србија во ЕУ, односно решавање на прашањето за Косово, односно односите меѓу Белград и Приштина“.

„Затоа го водиме овој дијалог на сериозен и одговорен начин. Како што вели Приштина дека има свој устав, Србија исто така има свој устав, но ние сме подготвени да разговараме за сите можни компромисни решенија“, рече српскиот претседател.

Изрази притоа уверување дека компромисот ќе биде поблиску доколку Белград и Приштина прво ги регулираат меѓусебните односи така што ќе имаат слободен проток на луѓе, стоки и капитал.

„Јас сум против замрзнатиот конфликт и не мислам дека замрзнатиот конфликт е решение и знам дека никој во Србија нема да биде среќен со овие зборови, но мислам дека е добро што оваа генерација го решава ова прашање, но мора да се компромитира, а не решение што ќе биде понижувачко за Србија“ , рече Вучиќ.

Канцаларката Меркел, пак, изјави дека  денешната средба минала во одлична атмосфера, притоа давајќи пофални зборови за српскиот претседател Вучиќ за кого рече дека „не дава празни ветуања“.

„Верувам дека искреноста е во нашите разговори, но и способноста да се слуша другата страна е она што ги окфалификува односите меѓу Вучиќ и мене. Го знам како човек кој не дава лажни ветувања“, изјави Меркел при посетата на Белград

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.