Вучиќ му честиташе на Бајден и му се заблагодари на Трамп

Како што најави во саботата вечерта, српскиот претседател Александар Вучиќ во неделата му ја честиташе на Џо Бајден победата на американските претседателски избори, истовремено заблагодарувајќи му се на претседателот на заминувње Доналд Трамп на соработката.

„Ви посакувам мудрост и решителност восоочувањето со потојните предизвици за доброто на Америка и на светот. Се надевам на добрата соработка со вас, каква што ја имавме со Доналд Трамом, на што сум му многу благодарен“, порача спрскиот претседател Вучиќ во честитката којашто ја објави на Twitter.

Вучиќ на новинарите во саботата вечерта, на прашањето дали победата на Бајден ќе влијае врз политиките на САД кон Србија, најави дека ќе му честита на победникот на американските избори, но изрази мислење дека за Србија подобро би било да победел Трамп.

„Мислам дека за Србија, поради политиките кон Косово и Метохија, би било подобро да победеше Трамп“, изјави синоќа Вучиќ за новинарите, потсетувајќи дека демократот Бајден „го поддржуваше бомбардирањето на Србија во 1999 година“.

„Никогаш за Бајден ниеден лош збор не сум рекол, а го познавам подобро од Трамп. Со него се имам видено четири или пет пати, со Трамп само двапати. Реков и мислам и вечерва дека за Србија ќе биеше подобро да победеше Трамп“, рече Вучиќ.