Вучиќ најави: Белград можеби ќе треба да воведе санкции против Русија

Србија можеби ќе треба да воведе санкции против Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарците со кои претходно во четвртокот влезе во остар вербален конфликт, додавајќи дека не е ентузијаст во врска со тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го стори тоа порано.

„Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичката посветеност на нашето раководство“, рекол Вучиќ а пренесува N1 Србија.

Претходно во четвртокот, претставници на опозицијата, извикувајќи „Предавство“, „Косово е Србија“ и обвинувајќи го за предавство на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија којашто со поддршка на Западот во 2008 година едострано прогласи независност и Република Косово, го прекинаа неговото претставување на предлогот на Европската унија за решение на косовското прашање, а вербалниот конфликт беше на работ да прерасен и во во физичка.

Српскиот претседател јасно кажа дека не му се допаѓа европскиот предлог.

„Ги претставив најлошите детали од договорот за да укажам на тежината на ситуацијата“, рече Вучиќ на специјалната седница на српскиот шарламент посветена на ситуацијата со Косово и Метохија, на која се очекуваше да го претстави ткн француско-германскиот план за решавање на проблемот.

По неодамнешната средба со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ изјави дека Србија е „подготвена да го прифати концептот на европскиот план“ и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалог со Косово, а потоа беше изложен на притисок да го претстави планот пред парламентот, што не го направи во целост ниту во четвртокот, туку тврдеше дека се работи за документ кој има статус на „нон-пејпер“.

Со денови пред седницата, Вучиќ повикуваше на „национално единство“.

„Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ“, рече Вучиќ и тврдеше дека водењето на државата бара огромна одговорност.

Предлогот на ЕУ, поддржан од Германија, Франција, Италија и САД, им беше претставен пред Белград и Приштина во септември и декември минатата година и предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен статус за српската заедница во Косово. Белград инсистира дека формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е клучна точка за продолжување на натамошниот дијалог за конечното решение.

Вучиќ рече и дека Белград „не може да го спречи приемот на Косово во Советот на Европа и во НАТО“.

„Спротставувале се или не, во Советот на Европа во моментот кога ќе одлучат ќе имаат мнозинство, противеле се или не – ќе имаат мнозинство за НАТО. Притивеле се или не за ЕУ ​​- тоа е нивна одлука“, рече Вучиќ.

Потсети дека националната структура на Косово и Метохија е променета и дека денес на тоа подрачје има околу 26 отсто Срби, но и дека геополитичките околности, „политичкиот моментум и политичката рамка“ во кои денес се разговара за планот за Косово, исто така се променити.

„Денес сме сведоци на еден вид трета светска војна“, рече Вучиќ и оцени дека тој (украинскиот) конфликт „ќе биде поопширен, поширок и потежок отколку што е денес“.

Најважно е да се разберат околностите, историскиот момент и временската рамка во која тоа се случува, рече Вучиќ, ставајќи го косовското прашање во поширокиот геополитички контекст на односите на меѓународната сцена, вклучително и руско-украинскиот конфликт.