Вучиќ: Нападот врз Трифуновиќ е последица на постоење екстремен дел во општеството

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека денешниот напад врз лидерот на Движењето за слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ е последица на „постоењето екстремен дел од општеството“ што „не нуди (политичка) програма и сака да учествува во владата“. Тој го осуди инцидентот, истакнувајќи дека никој нема право да употреби сила, но и дека „нема сомнение дека владата мора да смени нешто“. Вучиќ рече дека поради тоа, пред два месеци, тој „престана да ги споменува и напаѓа претставниците на опозицијата“ и додаде дека економското закрепнување треба да биде приоритет за целото општество.

Трифуновиќ бил напданат од еден минувач дпдека тој собирал потписи во центарот на Белград за неговото движење да се кандидира на претстојните избори. Министерството за внатрешни работи соопшти дека две лица се приведени за нарушување на јавниот ред и мир во центарот на Белград.