Вучиќ: Не може пораката до Србија да биде „признајте го Косово и нема да добиете ништо, а вашиот народ ќе биде изложен на прогон“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тој не мора да каже ни каков е одговорот на Србија ако некој мисли дека пораката до Белград треба да биде „признајте го Косово и нема да добиете ништо, а вашиот народ ќе биде изложен на прогон како на 17 март 2004 година“.

Запрашан за изјавата на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој рече дека од српскиот претседател очекува „далекусежна“ одлука за прашањето на Косово, Вучиќ рекол дека Србија е секогаш подготвена да разговара за разни компромисни решенија, а за ултиматум.

„Се надевам дека ЕУ добро ќе разбере дека некој не може да го потпише договорот во Брисел под покровителство на Унијата и потоа да донесе резолуција со која се негира постоењето на Сојузот на српски општини и да се каже дека тоа никогаш нема да го прифати или ќе побара од Србија да ја признае независноста и потоа да формира ЗКК“, рече Вучиќ по затворањето на манифестацијата Детска недела во Белград.

Тој исто така оцени дека позицијата на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог „не е лесна“ кога, како што рече, од Приштина ќе добие порака дека тие дури нема да разговараат за тоа што го потпишаа пред седум години во Брисел.

„Суштината е во тоа што Албанците очекуваат дека некој ќе изврши притисок врз Србија. Очекувам дека во иднина ќе ни кажат големите земји, а не Лајчак, ако го прифатите ова и тоа, ние ќе ве тапкаме по глава и ќе ви кажеме дека сте малку поголем демократ или ако не прифатиш, ќе речеме дека си автократ“, изјави Вучиќ.