Вучиќ не оди во Загреб на конгресот на ЕПП за да не ги наруши односите со Хрватска

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во петокот дека нема да оди во Загреб на конгресот на Европската народна партија (ЕРР) бидејќи не сака да ги наруши односите со Хрватска, иако, како што вели, без проблем би одговорл на провокациите од таа земја.

„Да одам само за да ги нарушувам односите – нема, иако без мака би одговорил на провокациите. Уште помалку гледам смисла да одат за да им се додворувамЕ, истакна Вучиќ.

Рече дека не гледа ниту стратешка ниту рационална причина за конфликт со Хрватите, но и дека односот меѓу двете земји треба да биде заснован на партнерски односи.

Претседателот на Србија и на Српската народна партија, Александар Вучиќ, одлучи да не учествува на Конгресот на европските конзервативци во Загреб на 20-ти и 21-ри ноември и за таа одлука писмено гои известил претседателот на таа партија Јозеф Дол, беше пренесено во четвртокот вечерта