Вучиќ: Нема „таен план“, во Охрид не се очекува судбоносен ден

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот дека во Охрид не се очекува „судбоносен ден“, дека од Брисел сѐ уште не пристигнал нацрт за тоа што сака Европската унија, како и дека Белград ќе продолжи да работи со Брисел и нема да се откаже од своите  „црвени линии“.

Вучиќ во обраќање рече дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ за имплементација на договорот, но дека тоа не е вистина, туку список со желби од албанска страна.

„Сега проблемот не е што се потпишува, туку сите се надеваат дека јас ќе потпишам. Нема да верувате зошто. Всушност, никој не се надева, освен делот на обичните луѓе, дека нема да потпишам, бидејќи никому не му е гајле за Косово и Метохија само им е гајле да имаат можност јавно да пукаат во претседателот. А, тие што го организираат протестот се надеваат дека ќе потпишам за да можат да ми ја бараат главата како да сум јас тој што го прави планот, а не затоа што ќе бидете несреќни ако планот биде прифатен“, рече претседателот на Србија.

Според него, „нормализирање за мене е дека имаме подобри основи со Албанците, дека решаваме безброј проблеми и се трудиме да живееме колку што можеме повеќе заедно, ако не тогаш еден до друг“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.