Вучиќ: Никој друг нема да ја толкува нашата историја, учебниците ќе ги пишува само Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави на почетокот на следната недела ќе поднесе иницијатива само државата да може да ги составува учебниците по српски јазик, историја и географија.

-Српската историја и географија ќе ја пишува само државата Србија, изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите.

Тој посочи дека знае „дека поради оваа иницијатива ќе има напади од тајкуни и некои амбасадори, кои ќе тврдат дека ја нарушува слободата на пазарот“.

Им порачал на истите дека може да се жалат во ОН, ЕУ, но дека тоа нема да се промени.

-Никој друг нема да ја толкува нашата историја. На ним и нивните мајки нека им одземат дете, па да кажат дали е добро тоа, порача српскиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.