Вучиќ оцени дека Давос престанал да биде место за дискусии и станал гласноговорик на Западот

Светскиот економски форум во Давос стана место каде што веќе не се дискутира за различните мислење, туку преовладува исклучиво западното гледиште, оцени во вторникот српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето пред сроските медиуми во швајцарското одморалиште.

„Украинската тема е толку доминантна над сите други теми, што (форумот) претставува огрмна поддршка за Украина без да може да се слушне нешто друго. Давос порано беше местото каде што можеше да се слушнат различни нешта, различни ставови, истовремено тука доаѓаат и (кинескиот претседател) Си Џинпинг и (поранешната германска канцеларка) Ангела Меркел. Сега ова место стана апсолутно и исклучително западно ориентирано. За сѐ друго може да се зборива само во дадените рамки“, изјави Вучиќ за телевизијата ТВ Пинк.

Српскиот претседател додаде и дека на генералното заседание се гледало кои од учесниците за што аплаудирал, а кој не.

„Луѓе, што е ова? Што ќе правиме доколку некој не аплаудира? Ќе го тргаме за уши?“, праша Вучиќ истакнувајќи дека во Србија има слобода на изразувањето различни мислења и дека не би сакал во неговата земја да биде усвоена таква практика.

Вучиќ посочи дека Украинците ја заземале „Руската куќа“ во Давост и во неа одржувале таканаречени „изложби“ на наводните „руски злосторства“, повторувајќи дека целиот форум е обоен со украинска тематика.