Вучиќ, Рама и Димитров: Македонија е одличен пример за неисполнети ветувања на ЕУ

Додека нашиот пат кон ЕУ излета од колосек, ние остануваме посветени да ги достигнеме ЕУ стандардите. Не можеме да дозволиме оваа негативна спирала да ги загрози самите темели на иднината и просперитетот на регионот. Европската унија оди напред, додека регионот е заглавен во дилемите на самата ЕУ, се дел од пораките кои ги испраќаат тие во заедничката изјава по состанокот во рамки на „Отворен Балкан“

Македонија е одличен пример за неисполнети ветувања на ЕУ. Нејзината влада се обиде да ги исполни условите на Брисел, само за да се најде изолирана и оставена да се носи со последиците од одлуките на ЕУ. Оваа ослабена перспектива на европската интеграција се заканува да не остави дезинтегрирани повеќе од кога било. Чувството е заедничко во целиот регион, велат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, и вицепремиерот за европски прашања на Македонија, Никола Димитров, во заедничката изјава што ја потпишаа во рамки на состанокот за иницијативата „Отворен Балкан“.

Во изјавата тие велат дека доцнењето на ЕУ-перспективата го чинела регионот премногу во политичка мисла и порачуваат дека додека Унија развива нови далекусежни стратегии, регионот очајно се обидува да ги спроведе постоечкиот.

Како што велат, Вучиќ, Рама и Димитров, додека нашиот пат кон ЕУ излета од колосек, ние остануваме посветени да ги достигнеме ЕУ стандардите.

„Не можеме да дозволиме оваа негативна спирала да ги загрози самите темели на иднината и просперитетот на регионот. Европската унија оди напред, додека регионот е заглавен во дилемите на самата ЕУ. Европската унија треба и мора да ги истражи сите патишта за побрза интеграција на Западен Балкан во пресрет на пристапувањето, заедно со нејзините заложби за постепено вклучување, како што е дефинирано во новата методологија“, стои во изјавата.