Вучиќ се сретна со Борел: Се надевам на некакво решение, иако не верувам во тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, како дел од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво по повеќе од една година.

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово. Се надевам на некакво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, наведе Вучиќ на Инстаграм заедно со фотографиите со Борел.

Претходно, Борел и Лајчак разговараа со премиерот на Косово, Албин Курти.