Вучиќ синоќа пречека 500.000 кинески вакцини

Авион со нови 500.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“ ноќеска пристигнаа на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Кинеските вакцини на аеродромот, надвор од протоколот, ги пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Почитувани граѓани, покрај протоколот дојдов вечерва на аеродромот „Никола Тесла“, а зад мене е нашиот најголем авион А330, кој испорача 500.000 дози на кинеската вакцина „Синофарм“. Република Кина, ви благодарам“, објави српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.