Вучиќ со Радев во Димитровград на откривање на споменикот на светите Кирил и Методиј

Српскиот претседател Александар Вучиќ во недела во Димитровград ќе се сретна со бугарскиот колега по должност Румен Радев, и притоа ќе присуствуваат на откривањето на споменикот на светителите Кирил и Методиј.

Како што соопштија од Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател, Вучиќ и Радев прво ќе имаат тет-а-тет разговори, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете држави.

По состанокот со претставниците на бугарското национално малцинство во Србија, Вучиќ и Радев ќе го откријат споменикот на светите Кирил и Методиј, каде ќе имаат и свое обраќање.

Двајцата претседатели ќе ја посетат и реконструираната зграда на Гимназијата „Свето. Кирил и Методиј’ во Димитровград, соопшти Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател