Вучиќ: Србија испраќа милион евра помош за Хрватска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испрати писмо до Владата на Србија во кое бара еден милион евра од бесплатни средства да бидат префрлени на Владата на Хрватска како помош поради низата земјотреси, пренесува Телеграф.

„Подготвени сме да обезбедиме секаков вид помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите објекти“, истакна тој, додавајќи дека ако Србија може да помогне на кој било начин, тоа ќе го стори.

„Многу ми е жал и подготвен да дадам секаков вид техничка и финансиска помош“, додаде тој.