Вучиќ, ТВ ѕвезда по гледаност во 2020 година

35

Говорите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и прес-конференцијата по повод епидемијата на коронавирусот се најгледаните телевизиски програми во Србија минатата година, објави весникот Данас, повикувајќи се на податоци на агенцијата Нилсен (Nielsen Auidence Measurement).

На прво место според гледаноста било обраќањето на Вучиќ на 15 март, кога беше најавено воведување вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот.

Следува серијата „Јужен ветер“, потоа специјалната емисија на Радио телевизија на Србија (РТС) по повод воведувањето на вонредната состојба, емитувана и на 15 март.

На трето и четврто место според гледаноста во 2020 година се обраќањата на Вучиќ на 17 март и 2 април, додека Дневникот 2 на РТС е на петто место и тој со години ги зазема водечките места по гледаноста во Србија.

Гледаноста ја следи квизот „Слагалка“ на РТС, па серијалот „Херои на нашето време“, конференцијата на Владата на Србија на 14 март на тема коровавирус, а дури на десетто место се појавува ТВ Прва со серијата „Игра на судбината“.

Податоците, исто така, покажуваат дека во претходните три години риалити шоута не се меѓу најгледаните ТВ програми.

Оваа листа на агенцијата Нилсен за мерење на гледаноста на телевизите во Србија се темели на емисии подолги од 10 минути и на гледаност во живо плус одложено до седум дена. Анализата ги опфати сите станици со национална фреквенција, нивните специјализирани кабелски канали, како и главните домашни и странски кабелски телевизии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.