8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Вучиќ вечерва ќе го објави името на мандаторот

Српската напредна партија, која има апсолутно мнозинство во парламентот, закажа седница на претседателството на партијата за денеска, што треба да биде еден од најконкретните чекори кон формирање нова влада.

Претседателот на Србија и лидер на СНС, Александар Вучиќ, претходно најави дека ќе разговара за неговиот предлог за премиер со неговите сопартијци, а во текот на оваа недела, неговото име треба да биде објавено во јавноста.

Како што дознава српски „Kурир“, претседателот Вучиќ , името на мадаторот ќе го објави денеска во 20 часот, по завршувањето седницата на партијата.