Вучиќ во Батајница на промоција на новите воени хеликоптери

Српската армија денеска претстави нови хеликоптери, а српскиот претседател Александар Вучиќ кој присуствуваше на церемонијата на воениот аеродром во Батајница кај Белград, нагласи дека со набавката „значително се зголемени перформансите и можностите на ВС“.

Вучиќ рече дека новите хеликоптери Ми-35, Х145М и Ми-17 се набавени затоа што „значително е подобрена состојбата“ во државниот буџет и дека се набавени „со значителен попуст и олеснувања“ што руската страна и ги даде на Србија.

Вучиќ рече дека станува збор за најсовремени европски и руски хеликоптери и истакна дека тие летала ќе служат како чувари на Србија.

Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред истекот на рокот, а беа донесени во Белград со карго-авион на руската армија два дена пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4 декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.