Вучиќ: Во Вашингтон нема потпишување на независноста на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по демонстрацијата на способноста на некои единици на српската армија на аеродромот „полковник-пилот Миленко Павловиќ“ изјави дека има иницијативи за кратко да се одложи датумот на разговорите меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.

„Дека ќе биде лесно таму, нема. Она што некои фантазираат дека независноста на Косово ќе биде потпишана таму, тоа нема да се случи“, рече Вучиќ.

На прашањето дали може да се очекуваат политички теми во Вашингтон, тој изјави дека не може да каже што домаќините ќе извадат како теми, освен за она за што бил информиран, односно за економски теми.

„Секое утро добивам преведен печат на албански јазик. Јас исто така го следам она што тие го пишуваат. Хоти потврди дека ќе се разговара за подобрување на економските односи. Европската унија е одговорна за политичкиот дијалог, но не исклучувам изненадување“, рече Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.