
Српскиот претседател Александар Вучиќ, зборувајќи за американските санкции против Нафтената индустрија на Србија ( НИС), истакна дека Србија нема плаира да заплениме руски имот во земјата.
-Русите ќе бидат многу потешко погодени од други санкции во однос на овие“, изјави Вучиќ на прес-конференција со американскиот секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма.
Вучиќ додаде дека очекува одлуки во писмена форма во наредниот период.
-Ние не сме ограбувачи, нема да ограбиме руски имот. Ако треба да платиме за нешто, ќе платиме, но нема да одземеме нешто што не е наше“, нагласи претседателот.
Тој додаде дека побарал роковите за Србија да бидат пофлексибилни.
-Прашање е дали новата администрација ќе ги укине овие санкции или не. Проблемот е што некои од нив може да се укинат, додека други мора да поминат низ Конгресот. Нема да ни биде лесно или едноставно. Најважни ќе бидат нафтата и бензинот“, ијави Вучиќ.