Вучиќ за изборите во Косово: Ќе биде тежок ден за српскиот народ и страшен ден за демократијата

Во недела, во четити српски општини на северот на Ксоово, Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ ќе се одржат вонредни избори за градоначалници.

На изборите Србите нема да учествуваат. Одлуката за изборите властите во Приштина ја донесоа откако минатата година градоначалниците на три општини поднесоа оставки, во знак на противење на одлуката на владата на премиерот Курти да инциира процес за пререгистрација на возилата и одбивањето да ја формира Заедницата на Српски општини.

„Недела ќе биде тежок ден за српскиот народ и страшен ден за демократијата. Тоа ќе биде денот кога официјално ќе се одбележи срамот на Европа и на светот“, изјави српскиот претседател во синоќешното интервју за телевизијата Прва.

Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат смирени на денот на изборите. Во интервјуто соопшти и дека на 27 мај ќе се повлече од челната позиција на Српската напредна партија. Посочи дека не знае кој ќе биде негов наследник, бидејќи во игра биле три-четири имиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.