Вучиќ заминува од челото на СНС и ѝ порача на опозицијата дека власта нема да се менува на улица

Српскиот претседател и челник на владејачката Српска народна партија (СНС), Александар Вучиќ, изјави во петокот на големиот натпартиски народен собир во Белград изјави дека си заменува од челното место на партијата, а на опозицијата ѝ порача дека власта во Србија нема да се менува на улица.

На масовниот собир кој главно се доживува како поддршка за српската влада, а на кој според некои белградски медиуми бил најголем во историјата на земјата со повеќе од 200.000 приврзаници, Вучиќ ги повика политичките опоненти на дијалог и им порача дека „додека е жив нема да потпише никаква преодна влада“, како што во своите изјави предлагаа некои опозициски политичари но не споменуваа изрично одржување предвремени избори.

Пред илјадниците приврзаници кои беа упорни и покај силниот дожд, Вучиќ најави дека веќе од сабота нема да биде лидер на партијата којашто ја водеше 12 години.

Вучиќ ги повика своите следбеници на собир, откако граѓанскиот собир по масакрот во белградското основно училиште од почетокот на мај, опозициските партии го искористија да го претворат во митинг против власта и да побараат со неодредени причини оставка од шефот на српската држава.

„Ова е последна вечер во која ви се обраќам како претседател на СНС, а утре некој друг ќе ја преземе“ партијата, рече Вучиќ на соборот одржан под мотото „Србија на надежите“.

Конгресот на владејачката партија ќе се одржи во сабота во Крагуевац. Вучиќ притоа рече дека ќе остане член на СНС, но дека за 28-ми јуни најави основање широк натпартиски политички фронт Движење за народот и државата.

Зборувајќи за собирот против насилството, кој го искористи опозицијата за политички протест, Вучиќ рече дека учесниците на него  се „главно добри и пристојни луѓе, коишто ѝ сакаат добро на Србија“, но дека опозициските политичари кои им се приклучиле и ги искористиле „ќе влезат во аналите на бесчесноста, бидејќи ја злоупотребија трагедијата во Србија“ и дека „заслужуваат презир“.

На собирот во Белград се обрати и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој читајќи го текстот на српски јазик рече дека Србија го има „прекрасниот претседател Александар Вучиќ“ кој го постигнал тоа меѓу унгарскиот и српскиот народ наместо непријателствата од минатата сега да владее „историско пријателство“.

Претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска и лидер на босанските Срби, Милорад Додик, во обраќањето рече дека луѓето од Република Српска дошле вечерва во Белград да ја поддржат „силна и јака Србија која ја води Александар Вучиќ“.

Собирот во Белград се одржа откако во претходно во петокот во четирите доминантно српски општини на северот на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, избувнаа судири меѓу косовската полиција и српското население кое се спротистави на обидите на владата во Приштина да ги внесе во општинските згради градоначалниците Албанци кои со само неколку гласа беа избрани на предвремените избори кои ги бојкотираа косовските Срби.

Вучиќ потоа ѝ нареди на Војската на Србија да ја подигне борбената готовност на највисоко ниво, како и единиците да се дислоцираат поблиску до линијата којашто Белград го нарекува административна граница со својата отцепена поранешна покраина во која албанското мнозинство во 2008 година еднострано со поддршка од САД и ЕУ прогласи независност.

Во контекстот на денешните немири на северот на Косово, Вучиќ порача дека „Србија нема да седи со скрстени раце“.