Вучиќ знае што ќе му понуди Путин на Западот: Ќе настане пекол ако не ја прифатат понудата!

Мора да разбереме дека се наоѓаме среде светска војна, бидејќи повеќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за ТВ Пинк.

Тој додаде дека целиот Запад се бори против Русија преку Украинците и дека ова е глобален конфликт.

Според Вучиќ, оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одглас може да се почувствува и на Балканот.

Претседателот на Србија посочува дека „ќе направи сѐ за да го зачува мирот“.

Вучиќ, исто така, смета дека рускиот лидер Владимир Путин наскоро ќе му пристапи на Западот со „некој предлог“, особено во контекст на напредувањето на руските сили во Донбас.

– Знам што нѐ чека. Штом Путин ќе си ја заврши работата во Северск, Бакмут и Соледар, па ќе дојде до линијата Славјанск-Краматорск-Авдивка, ќе излезе со предлог. И ако Западот не го прифати, а нема го прифати, ќе настане пекол – рече Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.