Вучиќ до Бајден: Србија стана фактор за стабилност

Премиерот на Србија Александар Вучиќ кој денес ја започна посетата на Вачингтон, на повик на заменик претседатело на САД, Џозеф Бајден пред американската администрација меѓу другоо ќе ја пренесе и пораката дека Србија станала фактор за стабилност на Балканот и дека одлучно се движи на патот кон ЕУ, пренесува Танјуг.

Исто така, Вучиќ ќе ја пренесе и пораката дека Србија спроведува реформи на пазарот кои се од интерес на американските инвеститори.

Вучиќ по доаѓањето во Вашингтон за РТС изјавил дека таа посета е многу значајна за Србија и дека е среќен што неговиот распоред е исполнет.

-Американските инвеститори не размислуваат за продолжување на своите вложувања во една земја или за доаѓање во таа земја, ако таму не постои политичка стабилност и доколку тоа не го одобрува и политиката на САД, изјави Вучиќ.