Вучиќ изрази сочувство и ги осуди терористичките напади во Волгоград

Вицепремиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска упати телеграма со сочувство до рускиот народ, раководството и семејствата на загинатите во терористичките напади во Волгоград, осудувајќи ги терористичките акти.

„Со голема тага и огорчување ја примив веста за терористичките напади во Волгоград, во кои голем број граѓани на вашата земја го загубија животот“, се наведува во телеграмата со сочувство. Што Вучиќ ја упати до амбасадорот на Русија, Александар Чепурин.

„Најостро ги осудувам ваквите кукавички акти и уверен сум дека службата за безбедност на Руската Федерација ќе успееда ги пронајде и приведе организаторите на нападот, како и дека ќе спречи слични акции во иднина. Република Србија е спремна да ви ја пружи целата неопходна помош“, рекол Вучиќ, пренесува владината канцеларија за соработка со медиумите.