Вучиќ: Новата влада до 27-ми април

Потпретседателот на српската влада, Александар Вучиќ, денеска најавил дека новата влада ќе биде формирана меѓу 25-ти и 27-ми април.

„Пред нас не е лесна година, но јас сум уверен дека со заедничка работа и труд може да постигнеме големи резултати и дека веќе на половина од мандатот луѓето ќе бидат задоволни и земјата да биде нормална и пристојна за живот“, рекол Вучиќ.

Тој навел дека Србија од Европската унија очекува поголема поддршка и помош.

„Србија ќе биде пристојна земја која ќе го почитува европскито пат и на тој европски пат нема запирање“, истакнал Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.