Нема лабаво: Вучиќ ги строеше министрите за време на лет

Нема лабаво: Вучиќ ги строеше министрите за време на лет

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги построи своите министри во авионот на пат кон Будимпешта, каде оделе на заедничка седница со унгарската Влада.

Вучиќ за време на летот шетал меѓу министрите, па така го „уловил“ Новак Недиќ, генералниот секретар на Владата како спие. Додека другите соработници на Вучиќ дискутирале околу претстојната посета, Недиќ ги одморал очите. Но, тоа не му се допаднало на српскиот премиер.

-Недиќ, спиј навечер. Во текот на денот се работи, му кажал Вучиќ на поминување.

Од друга страна, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ му дофрлил дека слободно може да дремне.

Вучиќ во еден момент му пришол на министерот за енергетика Александар Антиќ, кој седел до Иштван Пастор, претседател на СВМ и нешто им објаснувал мавтајќи со показалецот.

Дали поради ставот на шефот, на Јадранка Јоксимовиќ и Жељко Сертиќ не им се чул гласот за време на летот.

vucic-avion-ministri-poseta-ungarija1

Велимир Илиќ и Вања Удовичиќ седеле одзади со новинарите. На пат не заминале само министрите Расим Љајиќ и Иван Тасовац.

Додека на пат кон Будимпешта ги прекорувал оние кои ги фатила дремка, при летот за назад дремката го стигнала и Вучиќ. Покрај премиерот сонот ги совладал и Ивица Дачиќ и министерот за правда Никола Селаковиќ, кои едвај се пробудиле кога пристигнале во Белград.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.