Вучиќ: Хашкиот трибунал треба да научи да ја почитува Србија

Српскиот премиер Алаксандар Вучиќ денеска го повика Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија да научи да ја почитува неговата земја.

– Господа, господин Ори (судија Алфонс Ори) и сите во Хашкиот трибунал научете да ја почитувате Република Србија и тогаш ќе продолжи разговорот во согласност со законите на Србија – истакна Вучиќ.

Тој додаде дека „Србија нема на никогo да дозволи да ја понижува“.

– Некој треба да даде одговор на прашањето зошто Здарвко Толимир почина во затвор – наведе Вучиќ, додавајќи оти Белград не добил одговор од Трибуналот за молбата Толимир да биде пуштен на лекување во Србија.