Вучиќ: Хрватска го има еден од најдобрите тимови на СП, но ќе навивам за Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пофали во понеделникот хрватската фудбалска репрезентација, но откри дека во четвртфиналето сепак ќе навива за селекцијата на Русија, објави рускиот портал на српски јазик Sputnik.

„Сметам дека Хрватска го има еден од најдобрите тимови на Светското првенство, а се разбора ќе навивам за Русија“, изјави Вучиќ за рускиот портал кој го најавува српскиот претседател како „пасиониран љубител на фудбалот“ кој се труди „да ги следи најважните мундијалски дуели“.

Репрезентацијата на Србија не успеа да ја мие групната фаза, откако забележа само една победа против Костарика со 1:0, и два пораза од Швајцарија 1:2 и од Бразил 0:3.

Пред почетокот на Светското првенство претседателот Вучиќ најави дека фудбалската репрезентација на Србија, доколку ја освои титулата во Русија, ќе добие 10 милиони евра. А откако „орлите“ се вратија дома, на социјалните мрежи се тераа шеги дека Вучиќ „со лошата процена му заштедил на државниот буџет 10 милиони евра“.