Премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа утре ќе имаат средба во Брисел рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се одржува со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јави МИА.
Средбата во изјава за „Трибуна чанел“ ја потврди коосвскиот заменик-министер за администрација и локална управа Бајрам Гецај, кој кажа дека двајцата премиери ќе се сретнат и ќе разговараат за прашања поврзани со дијалогот.
Мустафа во последно веме во неколку наврати повторуваше дека нема да патува надвор од земјата, ниту тој, ниту некој од член на неговиот владин Кабинет, во знак на протест поради неодбрувањето на визна либерализација за косовските граѓани.
Европската комисија за овој процес го условува Косово со утврдување на граничната линија со Црна Гора.
И министерот за евроинтерграции Беким Чолаку изјави дека визната либерализација „може да задоцни“, поради нератификувањето на договорот за демаркација со Црна Гора од страна на косовскиот Парламент.