Вучиќ ја укина состојбата на највисока борбена готовност на војската

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес одлучил да се укине состојбата на највисока горбена готовност на војската.

Како што се наведува во соопштението на српското Министерство за одбрана, Вучиќ утрнава доставил до министерот Александар Вулин и началникот на ГШ наредба за деангажирање на силите за итно и брзо реагирање.

-Војската на Србија во соработка со останатите безбедносни структури и во согласност со наредбите на Врховниот командант и натаму ја следи безбедносната ситуација и е подготвена во секој момент да ја заштити својата држвата и сите граѓани без оглед на тоа каде живеат, порачуваат од Министерството за одбрана на Србија.

Вучиќ претходно нареди војската да се стави во состојба на највисока борбена готовност бидејќи во саботата на 29 септември претседалот на Косово, Хашим Тачи дошол на езерото Газивода во придружба на неколку десетина припадници на косовските специјални сили РОСУ.