Вучиќ му се извинува на Заев што не испратил соопштение за средбата

151

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека повеќе пати се сретнал со лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, откако премиерот, Зоран Заев, ја посочи средбата како сомнителена во врска со бегството на Никола Груевски во Унгарија. Вучиќ при тоа му се извини на Заев што не било издадено соопштение за јавноста по средбата со Мицкоски.

Велат „ама не сте издале соопштение“.. Еве, јас му се извинувам на Заев, јас мислев дека Сузана Васиљевиќ е задолжена за издавање соопштенија за нашите состаноци, но во иднина ќе замолам да го стори тоа, ако е така подобро – рече Вучиќ.

Според него нема ништо спорно што се сретнал со Мицкоски, затоа што се членови на истата Европска народна партија.

Српскиот претседател додаде дека со Груевски, од друга страна, не се видел три години.

Не одев во Скопје, ниту во време на предизборната кампања, иако и они се членки на ЕПП. Не сум го видел ниту во Белград, ниту било каде – рече тој.

Вучиќ додаде: „калкулантски е кога некој се обидува да ја префрли на друг одговорноста за своите пропусти, a да зборува за некои сомнителни типови од Србија во кабинетот на Заев и во Владата на Македонија, не ми паѓа на памет – посочи тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.