Вучиќ не се откажува од денот на сеќавање на сите жртви во поранешна Југославија

Премиерот на соседна Србија, Александар Вучиќ изјави дека не се откажува од идејата за заеднички ден за сеќавање на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија.

Никогаш нема да се откажеме од идејата за заеднички ден за сеќавање на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија. Горд сум на таа иницијатива и верувам дека кога тогаш, дури и за две до три години, регионот ќе се помири, изјави Вучиќ.

Имено, Вучиќ истакнал дека не е помалку вредна која било српска жртва од бошњачката или хрватската, ниту пак другите жртви се помалку вредни од српските.

Мојата намера не беше да кажам некому кои празници ќе ги слави, секој има право на свои празници. Некои од тие празници не се по наша волја, но никогаш не сме им се мешале. Само замолив во 365 дена да имаме еден заеднички ден, сите тие жртви на просторот на поранешна Југославија да имаат еден заеднички ден, рекол Вучиќ.

Тој додал дека е целосно уверен оти неговата иницијатива ќе го здогледа светлото на денот и ќе добие зелено светло во регионот и оти само е потребно да се смират страстите.

Вучиќ оддаде почит на жртвите во Сребреница

vucicpotocariСрпскиот премиер Александар Вучиќ допатува во Поточари за да им оддаде почит на жртвите на масакрот во Сребреница.

Мајките од Сребреница на Вучиќ ми посакаа добредојде, а една од нив на реверот му закачи Сребренички цвет. Српскиот премиер се запиша во книгата на жалоста.

Босанските медиуми ја пренесуваат пораката на Вучиќ непосредно пред доаѓањето во Сребреница во која тој укажа дека Србија јасно и недвосмилено ги осудува ужасните злосторства во Сребреница, дека неговата рака за помирување останува испружена без какви било политики и оти српската Влада сака заеднички живот со Бошњаците.

 

 

При посетата на Поточари воедно српскиот премиер беше нападнат од толпата револтирани граѓани, кои врз него и врз српската делегација фрлаа со камења и други предмети.