Вучиќ: Осиромашениот ураниум е злосторство без преседан

Србија сериозно ќе ги истражи последиците од бомбардирањето на НАТО со осиромашен ураниум, нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на отворањето на новиот Институт за онкологија и радиологија во земјата.

Вучиќ истакнал дека дознал од лекарите дека има се поголем број деца заболени од рак.

Никогаш не верував во сите теории за осиромашениот ураниум, дека за се се виновни оние кои бомбардираа, но денеска во разговори со лекарите, секако една од причините за заболувањата е и осиромашениот ураниум, се јавува кај деца чии родители се родени во периодот на 90-те. Дали ќе успееме да докажеме или не, не знам, бидејќи голем дел заврши во Ибар, Дунав или Црното море. Сите лекари сметаат дека тоа оставило значајни последици. Тоа е злосторство без преседан“ рекол Вучиќ.