Вучиќ порача дека ќе одговараат сите организатори на тепачката на стадионот, без оглед дали се Срби или Хрвати

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот дека траба да одговараат сите учесници во тепачката и насилствата на стадионот во текот на дерби срдбата меѓу Партизан и Црена ѕвезда во средата во Белград, без оглед дали се Срби или Хрвати, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).

Во Хавана, каде што е во официјална посета на Куба, српскиот претседател Александар Вучиќ за новинарите изјавил дека ќе одговараат сите коишто учествувале во организирањето и предизвикувањето на насилствата во текот на првото полувреме на „вечното дерби“.

„Не знам што правеле, не само хулиганите , туку и криминалците од поедини републики од поранешна Југославија и некои други земји, бидејќи не дошле да гледаат. Учествувале во организирање и предизвикување насилства и секако дека ќе одговараат. Тоа што сте Хрват или граѓанина на Хрватска не ве ослободува од прекршочна и кривична одговорност“, рекол Вучиќ.

Заблагодарувајќи им се на сите кои платиле влезници и присуствувале на натпреварот меѓу двата големи спортски ривала, Вучиќ рекол дека виновниците ќе одговараат за своите злодела.

„А оние коишто учествувале во нешто, тие за своите злосторства и тоа како ќе одговараат“, објави во четвртокот вечерта на својата интернет страница РТС.

Претходно во четвртокот белградските медиуми повикувајќи се на соопштението на српското министерство за внатрешни работи дека поради тепачката и безредијата на синоќешниот натпревар се уапсени 26 лица, и оти меѓу нив има и државјанин на Македонија, неколку од Грција, од Бугарија, Русија и шест од Хрватска, што потврди и официјален Загреб.

Во тепачката на јужната трибина на стадионот на Партизан повредени се најмалку 20 лица, меѓу кои и еден државјанина на Хрватска, кој е прободен со нож. Најтешко е повреден еден учесник во тепачката на кого му се откинати нос и уво и избиени мус е сите заби.

Според неофицијалните сознанија на медиумите меѓу уапсените хравтски државјани тројца се од Сплит познати како ултимат фајт борци, познати на тамошната полиција по рекетирање и насилничко однесување.

Во масовната тепачка на трибината една група со силна полициска придружба беше изведена од стадионот. Според медиумите, станува збор за пресметка меѓу фракциите меѓу навивачите на Партизан, но сѐ уште не се утврдени околностите за учеството на странските државјани во овој судир.