Во денешното обраќање пред српскиот народ, по повод вчерашниот упад на демонстрантите во националната РТС, Александар Вучиќ соопшти дека не стравува од никого, и дека Србија нема да дозволи насилства. Тој порача дека сите оние кои се подготвени со насилство да решаваат проблеми, да бидат подготвени и на понатамошни последици.
Овие луѓе надвор кои свиркаат и кои имаат пораки, на нив им е дозволено да протестираат, се додека тоа не прејде во насилство. Тоа се случи синоќа во РТС. Не можеа на мене, па насилно влегоа и се закануваа на исплашените дами во Радио Телевизија Србија. Можете да претпоставите како се чувствуваат сега тие. Сакам да им порачам дека јас не се плашам. Јас можам да го изгубам само животот, и ништо повеќе. Србија ќе биде стабилна земја. Нема да дозволиме никој со насилство да решава проблеми. Оние кои се подготвени на насилство, нека бидат подготвени подоцна да сносат и последици – рече Вучиќ.
Тој истакна дека сево ова насилство е со поддршка од Приштина.
Мислев дека Харадинај се шегува кога ми зборуваше дека ќе ме сруши, сега гледам дека има соработници. Но наидоа на тврд орев, на некој кој не се плаши. Не е нивна мета и РТС, туку мета е тој што во лице им кажува дека се најголеми крадци – изјави српскиот претседател.
За време на говорот на Вучиќ, опозицијата излезе на протест
Пред зградата на српското претседателство почнаа да се собираат демонстрантите кои најавија протест против актуелните власти денеска напладне, во исто време кога е закажано и обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по повод синоќешниот упад на демонстрантите во зградата на Радио Телевизија Србија (РТС)
Сојузот за Србија повика на протест, бидејќи РТС и властите не го послушаа барањето на протестот “Една од пет милиони” и откако министерот Небојша Стефановиќ ја испрати полицијата на ” луѓе со голи раце ” и затоа што “лажно информираа” на Пинк и РТС за настаните од протестот во саботата.
Протестантите во Белград вчера бараа нивни преставници да имаат гостување на РТС.