Вучиќ во писмо му се пожали на Трамп на косовските царини и го покани да ја посети Србија

Царините кои ги воведоа властите во Приштина на стоките од Србија претставуваат оптоварување и ненадминлива пречка за продолжување на дијалогот, напишал во четвртокот српскиот претседател Алаксандар Вучиќ во писмото до американскиот претседател Доналд Трамп и, покрај поканата да ја посети Србија, порачува дека Белград е подготвен да седна на маса и да ги продолжи преговорите веднаш што косовската влада ја „укине оваа неразумна и штетна мерка“.

Како што е соопштено од кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ на Трамп му се заблагодарил на поддршката која САД ја даваат на Србија на нејзиниот пат на евроинтеграциите, а особено на поддршката „на напорите за зачувување на муирот и стабилноста на западен Балкан“.

„Со вашето љубезно писмо од 14-ти декември уште еднаш ја истакнавте подготвеноста на САД да помогнат во дијалогот меѓу Белград и Приштина, за да се најде решение за стогодишниот проблем на Косово и Метохија“, навел Вучиќ, уверувајќи го Трамп дека „никој не е повеќе заинтересиран за решение на проблемот“ отколку Србија „бидејќи проблемот на Косово и Метохија е тежок товар, во прв ред, за Србија и за српскиот народ“.

Истакнувајќи ја посветеноста кон дијалогот, Вучиќ пишува дека му пристапува „храбро и реално, размислувајќи за иднината на сите нас на западен Балкан“, и нагласува дека Србија ги исполнила „сите свои обврски од Бриселскиот договор“ за нормализација на односите со Приштина. „Србија не може да го реши овој тежок проблем самата“, укажува Вучиќ во писмото до Трамп.

Српскиот челник нагласува и дека царините кои ги воведе Приштина за стоките од Србија „претставуваат оптоварување и непромостлива пречка за продолжување на дијалогот“, нанесуваат штети на српската економија и го загрозуваат животот на Србите на Косово чиишто права Белград „мора да ги брани и штити“.

„Нагласувам уште еднаш: истиот момент кога Приштина ќе ја укине оваа неразумна и штетна мерка, подготвени сме да го продолжиме дијалогот во потрага по трајно и одржливо решение“, порачува Вучиќ во писмото до Трамп.

Истакнува и дека горд што Србија „во две светски војни се бореше на страната на правото и правдата“ во сојузништво со САД и потсети дека 2018 година беше одбележан „век откако српското знаме се развеа над Белата куќа, во чест на храброста на Србија и жртвите кои и понесел во Првата свеска војна“.

Потсетувајќи на ова „историско сојузништво“, Вучиќ во писмото ја повторува поканата до Трамп да го посети Белград како прво американски шеф на државата по реиси четири децении.