Вукотиќ како Ѓорѓи Андонов во 2020 купил фирма во Бугарија од близок на Заеви, опфатен во акцијата на ДЕА

Не е прашање дали ќе падне оваа влада, туку Заев треба да размислува што понатаму откако ќе падне оваа влада, вели Мицкоски во најавата на уште една афера во која се замешани „македонските државјани“ Овојпат се работи за водачот на Шкиљарскиот клан Јован Вукотиќ, односно Ѓорѓи Андонов.

-Вукотиќ, односно Ѓорѓи Андонов во 2020 година купил компанија во Бугарија од лице бугарски државјанин, жител на Струмица, со презиме Јотов, опфатен во аферата 200 кг марихуана, близок на Заеви и возач на Трајче Заев, најави Мицкоски, но не ги презентираше докуметите.

Тоа што овие луѓе, мислејќи на Спасовски и Заев и нивните блиски соработници, не се обивнети за злосторничко здружување и покрај отворањето на овие афери Мицкоски нагласи дека е јасен доказ дека институциите се исплашени од луѓето во врвот на власта.

-Не може да нема обвинителен акт, а да има обвинителен предлог за злоупотреба на службена должност.

Мицкоски цитира дел од исказот на Вукотиќ пред судот во Србија.

-Јас не ве разбирам зошто ме гоните за кривично дело кога јас оваа патна исправа ја добив на законит начин. Си отидов, си оставив отпечаток на прст, се сликав… Единствено за што можам да прифатам е дека името на мојата слика не е Јован Вукотиќ.