Вулканот Етна еруптираше, исфрла пепел и чад до 4.000 метри висина над Сицилија

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптираше, исфрлајќи пепел и густ чад до 4.000 метри висина, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Врвот на планината висока 3.300 метри во раните утрински часови беше во пламен, откако во текот на ноќта исфрлаше лава во висина од повеќе метри.

ИНГВ неодамна регистрира дополнителна активност на вулканот.

Стромболи, на истоимениот вулкански остров во североисточна Сицилија, исто така, еруптираше за време на викендот, а лавата стигнала до брегот.

Досега нема извештаи за големи штети или повредени од вулканите на двата острови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.