Вулканот на Канарите престана да еруптира лава

Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма, во автономниот регион на Канарскиот архипелаг, престана да еруптира лава како и да испушта чад и пепел, објави во понеделникот локалната телевизија Television Espanola.

Во моментов стручњаците ги проучуваат причините за одвивањето на ерупцијата. Според експертите, тоа може да укажува на претовањерува на магмата во кратерот на вулканот, за присуство на друг канал во вулканот или дека тој започнал со завршувањето на својата активност.

Вулканот на островот Ла Палма еруптирапе на 19-ти септември во близина на гратчето Ел Пасо. Протокот на лавата досега уништи стотици домови и објекти, а повеќе од 6.000 луѓе досега се евакуирани поради безбедносни причини. За среќа, во стихијата немаше жртви и настрадани.

Вулканолозите претходно прогнозираа дека ерупцијата на вулканот Кумбре Виеха може да трае од 24 до 84 денови.