Вулверхемптон против Арсенал ја прекина низата без победи, Јунајтед со „деветка“ го демолираше Саутемптон

Фудбалерите на Вулверхемптон ја прекинаа серијата без победа во Премиер лигата со домашната победа од 2:1 над Арсенал, додека Манчестер Јунајтед со домашната победа над Саутемптон од 9:0 се израмни на врвот со градскиот ривал.

Победата на манчестерските „Црвените ѓаволи“ е трет во историјата на англиската Премиер лига кој завршува со резултат 9:0, што е највисока победа во елитното натпреварување. Во 1995 година Манчестер Јунајтед со овој резултат го победи Ипсвич, а во 2019 година токму Саутемптон му даде девет погодоци без да прими гол на Лестер Сити.

Саутемптон последен пат го победил Јунајтед на 23-ти јануари 2016 година со 1:0, а од тогаш во деветте натпревари четири завршија без победник. За Саутемптон ова беше четвтиот последователен пораз во шампионатот.

Манчестер Јунајтед речиси целиот натпревар го играше со играч повеќе од 2 минута кога беше исклучен играчот на Саутемптон Алекс Јанкевиц поради невнимателен влез со отворен ѓон на коленото Мектоминеј, а во 86 минута беше исклучен и Јан Беднарек.

Домашните умешно и ефикасно ја искористија бројната предност и веќе во првото полувреме постигнаа четири погодоци. Првиот погодок го постигна Аарон Ван Бисака во 18 минута, потоа погоди во 25 минута Маркус Рашфорд, Јан Бендарек во 34 минута си постигна автогол а во 39 минута меѓу стрелците се впиша и Единсон Кавани.

Мрежата на гостите мируваше до 69 минута ја затресе Антони Марсиал, две минути подоцна во 71 минута гол постигна и Скот Мектоминеј, а по прекршокот во шеснаесетникот по кој беше исклучен и Беднарек пеналот го реализираше Бруно Фернандеш. Во 90 минута Марсиал постигна уште еден погодок, а во третата минута од судиското продолжение стрелец беше и Даниел Џејмс.

Манчестер Јунајтед остана втор на табелата сега со 44 бодови, колку што има и водечкиот Манчестер Сити, но кој има и меч помалку. Саутемптон е 12-ти со 29 бодови.

 

„Волците“ до втората победа сезонава над „Топчиите“ стасаа со пресвртот, бидејќи Арсенал поведе во 32 минута со одличната соло-акција на Николас Пепе. Гостите од Лондон секунди ги делеа на одмор да заминат со водство, но Давид Луиз неспретно реагираше во својот шеснаесетник и го закачи Вилијан Хозе поради што беше исклучен а домашните ја искористија шансата да израмнат од пеналот кој го реализираше Рубен Невес. На почетокот од вториот дел, во 49 минута со одличен удар од повеќе од 20 метри го доведе Вулверхемптон во водство, а откако Арсенал во 73 минута остана со два играча помалку откако голманот Бернд Лено играше со рака надвор од својот шеснаесетник беше јасно дека бодовите ќе останат на „Молоно“./

Вулверхемптон со оваа победа стаса на 13-то место на рабелата со 26 бодови, додека Арсенал остана моментално 10-ти со 31 бод.

 

Во првиот дуел во вторникот меѓу двете екипи од дното на табелата Шефилд Јунајтед со пресврт го совлада Вест Бромвич Албион со 2:1. Гостите поведоа во 41 минута со голот на Мет Филипс, а во вториот дел домашните дојдоа до трите бода благодарејќи на погодоците на Џејден Богл во 56 и Били Шарпн во 73 минута.
Шефилд и натаму е последен на табелата 20-ти со 11 бодови, сега еден бод помалку од ВБА, а двата тима се десет бодови под местата кои гарантираат опстанок.

 

Кристал Палас со пресврт дојде до гостинската победа од 2:1 кај Њукасл Јунајтед. Домашните поведоа со голот на Шелвееј веќе во 2 минута, а Жаиро Ридевалд во 21 и Гери Кејхил во 25 минита му ги донесоа бодовите на Кристал.

Кристал Палас сега е 13-ти со 29 бодови, а Њукасл е 16-ти со 22 бодови.

 

Во среда на распоредот се дуелите: Барнли – Манчестер Сити, Фулам – Лестер Сити, Лидс Јунајтед – Евретон, Астон Вила – Вест Хем Јунајтед и Ливерпул – Брајтон енд Хоув Албион. Четвртокот е резервиран за лондонската пресметка меѓу Тотенхем и Челзи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.